Saturday, November 21, 2015

PROGRAMA ZA RAZVOJ NA DEJNOSTA ZA ZASTITA NE DECATA A 2015 GOD.

Службен весник на РМ, бр. 202 од 31.12.2014 година 1 од 9 20142026309 ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на член 20 став 2 од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2013, 12/2014, 44/2014 и 144/2014) и член 33 од Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2015 година („Службен весник на Република Македонија” бр. 155/2014) Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 29.12.2014 година, донесе

 П Р О Г Р А М А ЗА РАЗВОЈ НА ДЕЈНОСТА ЗА ЗАШТИТАТА НА ДЕЦАТА ЗА 2015 ГОДИНА
 I. Вовед Заштитата на децата како систем на организирани мерки и активности на државата за грижа и заштита на децата се остварува согласно со Законот за заштита на децата и подзаконските акти. Развојот на дејноста за заштитата на децата се утврдува со оваа програма која е во функција на спроведување и унапредување на системот на заштитата на децата. Остварувањето на оваа програма е во согласност со утврдените програми со Буџетот на Република Македонија за 2015 година, како и врз основа на одредбите во Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2015 година во делот на надоместоците за детска заштита.
 II. Цели и приоритети на развојот на заштитата на децата Основна цел на дејноста за заштитата на децата и во текот на 2015 година е обезбедување на услови за оптимален опфат на децата во системот на правата за заштита на децата како и на зголемен опфат на децата со згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст, целосно и рационално искористување на просторните, кадровските и другите ресурси, како и на создадените услови за други форми на згрижување и воспитание на популацијата деца до 6 години живот. Активностите во насока на подобрување на заштитата на децата во 2015 година ќе бидат насочени кон остварување на следните основни задачи: - заокружувањето на процесот на децентрализацијата во дејноста заштита на децата ќе продолжи преку соработка со органите на единиците на локалната самоуправа, односно со продолжување на давањето поддршка за основање на општински детски градинки со цел самостојно функционирање на објектите на јавните установи за деца кои се лоцирани на нивната општина, како и основање на нови јавни установи за деца со помал капацитет и усогласен со потребите на општината, давање поддршка на општините и општините во градот Скопје во создавањето и обезбедувањето на нови или дополнителни просторни услови – детски градинки/центри за ран детски развој за давање услуги згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, давање на препораки и насоки и воспоставување на партнерски однос во реализирање на развојот на дејноста; -плурализација во дејноста преку функционирање на приватниот сектор со основање на нови приватни установи за деца, како и во рамките на со закон создадените услови за давање можност и на други физички и правни лица да вршат одредени работи од дејноста згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст како професионална дејност Службен весник на РМ, бр. 202 од 31.12.2014 година 2 од 9 со посебен акцент на: функционирањето на вршењето на одредени работи од дејноста на физички лица во давањето услуги чување и нега на деца од предучилишна возраст (до пет деца) во сопствениот дом; чување и нега на деца од страна на физичко лице ангажирано од страна на родител во домот на родителот (со склучување на договори за начинот на вршењето на услугата); функционирање на агенции основани од домашни физички и правни лица за давање услуги на повик за чување и нега на деца од предучилишна возраст, од страна на ангажирани квалификувани и лиценцирани лица, привлекување на инвестиции за изградба на установи за деца - детски градинки со создадени стимулативни мерки: намалени трошоци за уредување на градежното земјиште од 95%, продажба на градежно земјиште по почетна цена од 1 ЕУР за 1 м2; поволни кредитни линии и субвенции за изградба и опремување на установи за деца - детски градинки; -изградба на нови објекти, доградба, реконструкција и одржување на објектите во дејноста на заштитата на децата, со приоритетно, целосно и рационално искористување на сите кадровски, просторни и други ресурси, како и развој на разни видови програми за дејноста со различно траење и цена на чинење; -обезбедување на поквалитетни услуги во јавните детски градинки со воведување на други програмски активности од областа на културата, издавачката, згрижувачката и воспитната дејност, екологијата, уметноста, здравиот начин на живот, рекреативни и слободни активности и спорт, според нови програми; - подобрување на стандардот на материјално необезбедени лица (корисници на социјална парична помош и постојана парична помош) кои имаат дете со пречки во развојот и користат право на посебен додаток, со зголемување на висината на посебниот додаток за 25%, како и опфат со правото на посебен додаток на сите деца со Даунов синдром; - со поддршка на УНИЦЕФ ќе продолжат отпочинатите активности за електронско поврзување на јавните установи за деца со

Министерството за труд и социјална политика во делот на водење на педагошката евиденција и документација и реализација на програмските активности како и ќе се отпочне со активности за давање можност за електронско аплицирање за запишување на децата од предучилишна возраст во јавните установи за деца; - обезбедување на редовна и навремена исплата на со законот утврдени парични права за децата.
 1. Права за заштита на децата Правата за заштита на децата како парични надоместоци, под услови утврдени со Законот за заштита на децата ги обезбедува државата со средства од Буџетот на Република Македонија. Поголем обем на права од определените права во Законот може да обезбеди општината, општината во Градот Скопје и Градот Скопје, доколку за тоа обезбеди средства од сопствени извори. Паричните надоместоци согласно Законот се остваруваат како право на: детски додаток, посебен додаток, еднократна парична помош за новороденче, партиципација и родителски додаток за дете и истите имаат за цел преку обезбедувањето на материјална помош на родителите да им помогнат за издржување, подигање, грижа и заштита на детето. Во рамките на средствата утврдени со Буџетот на Република Македонија за 2015 година се предвидува парични примања на деца да користат во просек околу 55 000 деца, како придонес во остварувањето на примарната одговорност на родителите во обезбедувањето на услови за живот, потребен за развој на детето, односно животен стандард што одговора на неговиот физички, ментален, душевен, морален и социјален развој. Службен весник на РМ, бр. 202 од 31.12.2014 година 3 од 9
а) Детски додаток - е право на детето кое може да го оствари еден од родителите на детето, државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Републиката, за дете државјанин на Република Македонија кое е на редовно школување во Републиката, во зависност од возраста на детето и материјалната состојба на семејството како и другите услови утврдени со Законот за заштита на децата. Правото на детски додаток во 2015 година се очекува да го остварат во просек околу 16.000 деца од околу 7350 корисници-семејства.
 б) Посебен додаток - право на посебен додаток има еден од родителите на детето, старател или лице на кое со решение на надлежниот центар за социјална работа му е доверено детето и живее во семејството со него, со постојано место на живеење во Република Македонија, ако е детето државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија до навршени 26 години живот, доколку не е институционално згрижено на товар на државата. Правото на посебен додаток во 2015 година се очекува да го остварат околу 7450 деца од околу 7200 семејства.
в) Еднократна парична помош за новороденче - се обезбедува на семејството за прво новородено дете на мајката. Право на користење на еднократна парична помош за новороденче има еден од родителите, државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија за дете родено на територијата на Република Македонија. Во 2015 година се предвидува правото на еднократна парична помош за новороденче да се оствари за околу 9.100 деца од околу 8800 семејства.
 г) Партиципацијата - e ослободување на дел од цената што паѓа на товар на родителот во трошоците за згрижување, воспитание, одмор и рекреација на децата во јавните установи за деца. Правото на партиципација се остварува за дете на кое материјалната состојба на семејството е нарушена поради претрпена природна непогода (пожар, поплава, земјотрес и друго). Во 2015 година се предвидува правото на партиципација да се оствари за околу 2000 деца.
д) Родителски додаток за дете - е право кое го остварува мајка за своето трето живо дете и која е државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија последните три години пред поднесување на барањето согласно условите утврдени во Законот и подзаконските акти. Родителски додаток за дете /за трето и четврто дете/ и во 2015 година ќе продолжи да се обезбедува и за децата за кои е остварено/стекнато ова право. Во 2015 година се предвидува правото на родителски додаток за дете да се оствари/продолжи за околу 19000 деца.
 2. Облици на заштита на децата Згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст - како дејност се организира за згрижување, престој, нега, исхрана, воспитание, образование, спортско- рекреативни, културно-забавни активности, мерки и активности за подобрување и зачувување на здравјето и за поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на детето до 6 години живот, односно до вклучување во основното образование и се обезбедува и остварува во детска градинка. Дејноста се остварува и во центри за ран детски развој, кои ја спроведуваат Програмата за рано учење и развој на деца од предучилишна возраст од три до шест години, односно до поаѓање во основно училиште. Службен весник на РМ, бр. 202 од 31.12.2014 година 4 од 9 Одредени работи од дејноста згрижување и воспитание на деца, можат да вршат и правни и физички лица. Дејноста на детските градинки ќе се остварува преку организирање и спроведување на програми кои според времетраењето се програми за: целодневен престој, полудневен престој, скратени програми, пилот програми, програма за продолжен престој, вонинституционални форми на активности со деца, а во центрите за ран детски развој според времетраењето ќе се организираат и спроведуваат скратени програми за деца од 3 до 6 години во траење од три часа дневно, со флексибилно работно време според потребите на родителите и заедницата. Во состав на јавна детска градинка ќе се формираат советувалишта за деца и родители, во функција на социјализација на децата и рано откривање на пречки и проблеми во раниот детски развој како и пружање помош на родителите. Мрежа на установи за децата Згрижувањето и воспитанието на децата од предучилишна возраст на почетокот на 2015 година ќе се остварува во вкупно 61-на јавна установа за деца - детска градинка распоредени во 50 општини во 194 објекти. Покрај тоа во 26 села односно населени места и во четири општини ќе функционираат групи за згрижување на деца во други просторни услови и тоа: во состав на детската градинка „7 Септември”- Пехчево во селата Робово, Умлена и Чифлик и Црник; во состав на детската градинка „Гоце Делчев” – Виница во с.Блатец, во с. Трсино; во состав на детската градинка „Естреја Овадија Мара” – Битола во селата Бистрица, Кравари, Кукуречани и Долно Оризари; во состав на детската градинка „8 Март”- Кисела Вода во општина Зелениково; во состав на детската градинка „Ацо Караманов”- Радовиш во с. Воиславци и с Калуѓерица.; во состав на детската градинка „Калинка”- Валандово во Пирава и Јосифово; во состав на детската градинка „Младост” Тетово во с.Нераште (општина Теарце) и во с.Боговиње (општина Боговиње); во состав на детската градинка „Наша Иднина“ Прилеп во с.Тополчани (општина Прилеп); во состав на детската градинка „11 Септември“ Ресен во с.Јанковец (општина Ресен); во состав на детска градинка „Фемо Кулаков“ Неготино во с.Криволак, во с. Тремник и во с.Пепелиште (општина Неготино); во состав на детска градинка „Павлина Велјанова“-Кочани во с.Бели (општина Кочани); во состав на детска градинка „Детелинка“ –Крива Паланка во с.Ранковце (општина Ранковце); во состав на детска градинка „Димче Мирчев“- Велес во с.Градско (општина Градско); во состав на детска градинка „Јасна Ристеска“-Охрид во с. Велгошти, с.Лескоец, с. Пештани и во населба Радојца Новачиќ и во состав на детска градинка „Брешиа “- Дебар во с. Могорче. Во рамките на две јавни општински установи за деца, и тоа во „Буба Мара“ Аеродром- Скопје во Д.Лисиче и во „Гоце Делчев“- Пробиштип во с.Ратовица, има центар за ран детски развој. Во текот на 2015 година, како резултат на исполнетите услови со Законот и со Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца, ќе се зголеми бројот на јавни детски градинки. Згрижувањето и воспитанието на деца од предучилишна возраст на почетокот во 2015 година ќе се остварува во 16 приватни установи за деца-детски градинки и во една приватна установа за деца-центар за ран детски развој. Во 2015 година во системот на заштита на децата ќе се зголеми бројот на приватни детски градинки како резултат и на создадените пакет мерки за привлекување на инвестиции за изградба на установи за деца – детски градинки и можноста за јавно- приватно партнерство. Службен весник на РМ, бр. 202 од 31.12.2014 година 5 од 9 Со цел поттикнување на приватниот сектор за развој и проширување на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и во 2015 година ќе се продолжи со реализација на Проектот: Приватни установи за деца-детски градинки и центри за ран детски развој и тоа преку: намалени трошоци за уредување на градежно земјиште при изградба на детска градинка за 95%; поволни кредитни линии со каматна стапка од 5,5% годишно за изградба и опремување на установи за деца-детски градинки преку кредитна линија на Македонска банка за поддршка на развојот; поврзување со мерките што се нудат од страна на Агенцијата за поддршка на претприемништвото; општините во земјата и општините во градот Скопје во Деталните урбанистички планови предвидоа градежно земјиште (локација) со намена на изградба на установи за деца- детски градинки по почетна продажна цена од 1 евро за 1 м2 и објекти кои ќе можат да се стопанисуваат преку моделот на јавно приватно партнерство. Ќе продолжат промотивните активности и потребната поддршка за отворање приватни детски градинки и центри за ран детски развој. Заложбите на Владата на Република Македонија за подобрување на бизнис климата, како и заложбите за активни мерки за вработување, придонесоа да се зголеми интересот за згрижување на децата во детските градинки. Со ваквата определба на Владата на Република Македонија, во одделни региони веќе се чувствуваат резултати односно зголемен интерес за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст во детски градинки. Се очекува ваквата тенденција да продолжи и во 2015 година. Трендот на зголемување на опфатот на децата ќе продолжи и во 2015 година со адаптација од страна на Министерството за труд и социјална политика на други просторни услови (основни училишта и други просторни услови) во детски градинки во рурални средини, формирање на групи на деца во други просторни услови кои би функционирале во состав на постојните општински јавни установи – детски градинки. Во 2015 година максималното подобрување и приближување на квалитетот на згрижувањето и воспитанието на децата од предучилишна возраст ќе биде и преку зголемен опфат на децата, а особено со акцент на децата од 3 до 6 години од руралните средини со отворање на групи во други просторни услови и на центри за ран детски развој (како јавни установи за деца или како објекти во состав на јавните општински детски градинки). Со цел за поцелосно искористување на капацитетите во јавните детски градинки, ќе се продолжи со обезбедувањето престој и исхрана и за деца од над шест години, односно од поаѓање во основно училиште до десет години возраст. Согледувајќи го значењето на раниот детски развој на децата особено за децата од ранливите групи на населението, во рамки на Декадата на Ромите, во 20 општини во Република Македонија и во 2015 година, ќе продолжи да се имплементира проектот „Инклузија на деца Роми во јавните предучилишни установи”. Финансирањето на овој проект се реализира со средства на Министерството за труд и социјална политика, РЕФ (Ромски едукативен фонд) и со средства на единиците на локалната самоуправа. Вработени во јавните установи за деца-детски градинки Дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст ќе ја вршат вработени од следните профили: негуватели, воспитувачи, стручни соработници (виши медицински сестри, социјални работници, музички педагози, ликовни педагози, педагози по физичко воспитание, странски јазик и книжевност), стручни работници (педагог, психолог, социјален работник, логопед, доктор на медицина и доктор на стоматологија, правник, економист, дефектолог/специјален едукатор и рехабилитатор) и други профили на вработени (готвачи, пом.готвачи, и др.) и административен кадар. Службен весник на РМ, бр. 202 од 31.12.2014 година 6 од 9 Во 2015 година се очекува статусната структура на вработените во детските градинки, да се подобри како и да се продолжи со решавање на статусот на ангажирани лица со договор на дело. Оваа определба треба да биде во контекст на имплементацијата на политиката на Владата на Република Македонија за преземање на дополнителни мерки и активности за поголема грижа и заштита за најмладата популација, како и определбата за зголемен опфат на деца со крајна цел за усогласеност на семејните и работните обврски на родителите. Во функција на подигнување на квалитетот на услугите, ќе продолжи да се врши лиценцирање на стручниот кадар и на раководниот кадар, а ќе се организираат и обуки за вработените за прашања кои се во функција на поквалитетна заштита на децата. Изградба, опремување и одржување на објектите за заштита на децата Проширувањето на мрежата на јавните установи за деца - детски градинки во 2015 година ќе се реализира согласно со програма која ќе ги опфати приоритетите за изградба, доградба и реконструкција на простор наменет за згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст. Се предвидува акцент да се стави на руралните населби, но и во општини каде капацитетите се под потребите на родителите и децата за овој вид на заштита во функција на поцелосен опфат на оваа популација деца од предучилишна возраст, со посебен акцент на опфатот на генерацијата деца од пет до шест години живот. Проширувањето на мрежата на јавните детски градинки ќе се поддржи од страна на Министерството за труд и социјална политика со процесот на преадаптација на слободни простории во детски градинки во рурални средини и групи/објекти во други просторни услови. Со цел понатамошно унапредување, подобрување и зачувување на здравјето и поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на детето до 6 години живот, и во 2015 година ќе се инвестира во изградбата на детски градинки и адаптација и реконструкција на постоечки објекти во детските градинки со што ќе се продолжи во континуитет со реализацијата на мерката на Владата на Република Македонија „ 40 нови детски градинки, објекти и групи во други просторни услови“ отпочната во 2014 година и која треба да се спроведе до 2017 година. Во рамки на расположливите материјални можности во дел од постојните детски градинки ќе се интервенира со проширување на капацитетите преку доградба и адаптација на просторот. Одржувањето на објектите ќе се остварува во рамки на расположивите средства во Буџетот на Република Македонија за 2015 година со приоритетно извршување на неопходните работи заради обезбедување на нормално и безбедно функционирање и вршење на дејноста (замена на кровови, поправки на водовод, канализација и санитарни чворови, замена на дотраена дрвена столарија и термотехничка инсталација). 3. Одмор и рекреација на децата Во периодот на зимскиот и летниот распуст од учебната 2014/2015 година, а во функција на продолжување на реализација на новиот пакет на економско – социјални мерки за реализација на проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток ќе се организира во детски одморалишта/туристички објекти седум дневен одмор на деца од семејства со социјален ризик, деца корисници на посебен додаток и слично (до 3000 деца/корисници). Службен весник на РМ, бр. 202 од 31.12.2014 година 7 од 9 4. Други облици на заштита на децата Во рамките на системот на заштитата на децата ќе се спроведуваат и други програмски активности со кој се унапредува дејноста, меѓу кои се: - Спроведување на проекти за деца со пречки во телесниот и интелектуалниот развој; - Спроведување на проекти, програми и едукација на стручниот и друг кадар; - Програмски активности за оспособување на згрижувачко-воспитниот, воспитно- образовниот и друг кадар со најновите современи сознанија во работите кои ги вршат овие вработени и согласно закон (професионален развој на кадрите); - Програмски активности на соработка за унапредување на исхраната на децата, хигиено-техничките и здравствени услуги, дидактички материјал. III. Финансирање на заштитата на децата Оваа програма ќе се реализира со средства од Буџетот на Република Македонија за 2015 година од Раздел 15001 Министерство за труд и социјална политика и тоа : 1. Програма 3 Детска заштита со средства од 42.845.000 денари, од кои 33.145.000 денари буџетски средства и 9.700.000 денари средства од самофинансирачки активности и истата се однесува на: - Потпрограмата 30 Установи за детска заштита со 14.845.000 денари, од кои 5.145.000 денари се буџетски средства и 9.700.000 денари средства од самофинансирачки активности - Потпрограмата 3А Изградба, опремување и одржување на објектите за детска заштита со 28.000.000 денари. Финансиските средства обезбедени со Потпрограмата 30 ќе бидат наменети за : а) Расходна категорија 40 - Плати и надоместоци за вработените во установите за детска заштита како и за б) Расходна категорија 42- Стоки и услуги в) Расходна категорија 46- Субвенции и трансфери Финансиските средства обезбедени со Потпрограмата 3А ќе бидат наменети за: а) градежни објекти ...................13.500.000 денари и б) купување на опрема и машини 14.500.000 денари. Финансирањето на функцијата на установите за детска заштита ќе се обезбедува и со средствата кои се наменети за блок дотации за делегирани надлежности на општините за детската заштита и тоа : - Блок дотации………………1.154.974.000 денари. 2. Од Програма 5 Надоместоци и права од социјалната област или - Потпрограма 52 Надоместоци за детска заштита со .......................... 2.732.084.000 денари ќе бидат наменети за исплата на утврдените парични права со Законот за заштита на децата (детски додаток, посебен додаток, еднократна парична помош за новороденче, партиципација и родителски додаток за дете) како и за реализација на проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток. Распределбата на средствата за секое од овие права ќе биде во рамки на расположивите средства во Буџетот на Република Македонија за 2015 година, но истите нема во целост да ги задоволат вкупните потреби за со законот утврдените парични права. Во 2015 година ќе се измират и неизмирените обврски по основ на остварени права од 2014 година. Службен весник на РМ, бр. 202 од 31.12.2014 година 8 од 9 IV. Мерки и активности за развој на заштитата на децата За остварување на основните цели и задачи утврдени во оваа програма ќе се преземат следните мерки и активности: 1. Имплементирање на новиот концепт на доградениот систем на заштита на децата, особено во делот за организацијата и начинот на обезбедување на услови за заштита на децата, како дејност од јавен интерес во современи услови и со признавање на плурални односи во вршењето на дејноста; заштитата на децата како организирана дејност заснована на правата на децата да се остварува преку грижа и заштита на децата, нивниот ран развој и запознавање со современи концепти на подигање на нивото и квалитетот на развој и на можностите и условите кои им се обезбедуваат на децата; зајакнување на стручните тимови; формирање на советувалишта за деца и родители; професионално усовршување на кадарот; лиценцирање; зајакнување на контролните механизми во државата и општината за спречување на секакви злоупотреби на деца и институционално јакнење на инспекциите, стручниот надзор и контрола; поврзување на заштитата на децата во информатички систем кој би продуцирал дневни извештаи за бројната состојба и за потребите на децата, како и други податоци преку кои би се реализирале целите во овој домен во установите и другите облици на заштита на децата; создавање на пазарни можности и поттикнување на повеќе учесници да се јавуваат во обезбедување на услуги за децата; 2. Изменување и дополнување на Законот за заштита на децата со цел подобрување на стандардот на материјално необезбедени лица (корисници на социјална парична помош и постојана парична помош) кои имаат дете со пречки во развојот и користат право на посебен додаток, со зголемување на висината на посебниот додаток за 25%, како и опфат со правото на посебен додаток на сите деца со Даунов синдром; 3. Соработка со општините и општините во Градот Скопје при имплементацијата на процесот за децентрализација, а со општините во кои не се изградени објекти - детски градинки, ќе продолжи да се дава поддршка за остварување за организирано згрижување и воспитание на деца во други просторни услови давање поддршка на општините и општините во градот Скопје во создавањето и обезбедувањето на нови или дополнителни просторни услови – детски градинки за давање услуги згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст; 4. Вклучување на поголем број на деца од популацијата деца од 0 до 6 години живот со изградба на нови детски градинки и проширување на постоечките капацитети, реконструкција и адаптација на јавни детски градинки како и на други објекти и просторни услови; 5. Доближување на детските градинки до поголем број на население со посебен акцент на руралните средини; 6. Поттикнување и давање поддршка на општините и приватниот сектор (правни и физички лица) за изградба на нови капацитети како и за реконструкција и адаптација на постојните капацитети; 7. Вклучување во системот на згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст на центрите за ран детски развој со формирање на центри за ран детски развој во склоп на детските градинки и основање на центри за ран детски развој со што им се овозможува на родителите од општините во кои нема капацитети за згрижување на децата како и во руралните средини децата од 3-6 годишна возраст да бидат опфатени со оваа форма на згрижување и воспитание на деца со цел зголемување на опфатот на оваа популација деца; Службен весник на РМ, бр. 202 од 31.12.2014 година 9 од 9 8. Реализација на програма за седум дневен одмор на деца од семејства со социјален ризик, деца корисници на посебен додаток и слично (до 3000 деца/корисници во периодот на зимскиот и летниот распуст од учебната 2014/2015 година); 9. Спроведување на кампања за подобрување на ставот на родителите кон предучилишното воспитание и сфаќање на неговото значење за развојот на децата од оваа возраст; 10. Реализација на програми во јавните детски градинки со цел обезбедување на поквалитетни програмски активности, од областа на културата, згрижувачката и воспитната дејност, екологијата, уметноста, здравиот начин на живот, традиционални игри, основни животни навики, запознавање со занимања, рекреативни и слободни активности и спорт; 11. Зголемување на фондот на логички игри и сложувалки во јавните детски градинки согласно Акциониот план за набавка на логички игри и сложувалки за јавните детски градинки во 2015 година; 12. Поцелосно искористување на расположивите капацитети со промовирање на скратени програми за децата од недоволно развиени подрачја и региони, со што ќе се реализира принципот на достапност и правичност на јавната услуга. Доколку родителите искажат потреба за згрижување на децата во втора смена и во сабота, Министерството ќе даде поддршка на единиците на локалната самоуправа во поширока реализација на таквата определба; 13. Надзор (стручен надзор, инспекциски надзор), спроведување и следење на остварувањето на Законот, како и мониторинг и евалуација на преземените активности и 14. Обезбедување на редовна исплата на паричните примања на децата. V. Оваа програма влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 42-9784/1 Заменик на претседателот 29 декември 2014 година на Владата на Република Скопје Македонија, м-р Зоран Ставрес

No comments:

Post a Comment