Friday, October 9, 2015

SMICKOSKI ANGELE ,MOJ PRAPRAPRAPRADEDO file:///D:/SMICKOSKI%20ANGELE%20-%20OTEC.htm

file:///D:/SMICKOSKI%20ANGELE%20-%20OTEC.htm

Отец Ангеле Смичкоски

11794519_897353233667486_6793350552538690361_o


ОТЕЦ АНГЕЛЕ СМИЧКОСКИ
Отец Ангеле Смичкоски потекнува од едно од ретките прилепски семејства, кое дало неколку свои потомци во свештеничка служба – семејството Смичковци.
Историските податоци говорат дека првиот свештеник од лозата на Смичковци е отец Ангеле Лимов Смичкоски, кој најпрво работел како учител во тогашните прилепски приватни училишта. Роден е околу 1825 година во Варош. Како учител, Ангеле Смичкоски имал свое приватно ќелијно училиште. Тоа било сместено во семејната куќа, каде што во исто време дочекувале и гости. Тој бил учител и на Спиро Петров, братот на Ѓорче Петров. Кога имал околу 40 години починала неговата сопруга и најверојатно примил монашки чин, зашто се спомнува дека пред крајот на својот живот живеел во манастирот Трескавец, каде што и починал. Од 1865, па сè до 1883 година активно работел извршувајќи свештенички треби.
Отец Ангеле Смичкоски имал два сина: Костадин и Ѓорѓи. По заминувањето на отец Ангеле од учителската должност и откако се посветил во служење на Бога, неговото место го зазел синот Костадин. Тој на учителската должност останал кус период, зашто љубовта кон Бога била посилна од сè, па некаде околу 1853 година бил ракоположен во свештенички чин и поставен за парохиски свештеник во црквата „Свето Благовештение“. На негово место, како учител, дошол братот Ѓорѓи, кој исто како и Костадин, важел за еден однајталентираните псалти, кои ги имала црквата. Ѓорѓи Смичкоски немал деца и никогаш не примил свештенички чин, но ќе остане запаметен како еден од најзаслужните иницијатори за формирање на прилепскиот хор.
Отец Костадин Смичкоски извршувал свештеничка служба некаде до 1905 година. Тој имал четири деца: Милан, Никола, Јован и Донка.
За Јован Смичкоски познато е дека бил мариовски војвода во четата на Крсте Гермов – Шакир војвода. Но, во протоколите на црквата „Свето Благовештение“ извесен период како парохиски свештеник фигурира Јован Смичкоски, па слободно можеме да претпоставуваме дека тој е синот на Костадин Смичков. Починал на 90-годишна возраст на 10 ноември 1935 година.

No comments:

Post a Comment