МАТЕМАТИКА

Програма по математика за предучилишна возраст

Математика за предучилишна возраст е основен прирачник во форма на работна тетратка за рано изучување на математиката низ една прогресивна шема која помага при севкупното разбирање на математичките концепти.
matematika predshkolska
Математика за предучилишна возраст е основен прирачник во форма на работна тетратка за рано изучување на математиката низ една прогресивна шема која помага при севкупното разбирање на математичките концепти, поддржана од прирачник за воспитувачите во градинките. Со активностите во работната тетратка на децата им се дава можност да применуваат стратешко размислување и да се развијат во самоуверени, иновативни и ангажирани ученици.
Оваа Математика за предучилишна возраст од Карен Морисон е интернационално издание што се применува во повеќе земји од светот, а во нашето образование служи како подготовка за учебниците по математика од прво, второ и трето одделение кои се напишани од истата авторка, а според новата наставна програма од Меѓународниот центар за испити на Кембриџ (Cambridge International Examination). Како таква, оваа Математика претставува вовед во математиката и подготовка за децата кои ќе го започнат своето основно образование во училиштата според истата програма.
Прирачниците претставуваат важна поддршка на оваа програма, и претставуваат темелни и богати водичи за воспитувачите во градинките, со цел да ги надополнат и да ги дообјаснат составните делови на програмата по математика, според Кембриџ програмата. Тие опфаќаат листи на потребни ресурси, предлог активности за умствено загревање, мноштво идеи за реализирање на наставните цели, сугестии за практични активности, поврзување со конкретните активности во работната тетратка итн.
Како поддршка на програмата, покрај овие корисни Прирачници, доаѓаат и дел од комплетите дидактички ресурсни материјали, како на пример математичките катички: Комплет бројни картички 1-20Комплет домино картичкиКомплет флеш-картички: фигури и просторКомплет флеш-картички: календар  и време, како и комплетите работни листови и паноа за во „математичко катче“.
Naracaj

One thought on “Програма по математика за предучилишна возраст

Напишете коментар