Saturday, April 25, 2015

RAK - HOROSKOPSKI ZNAK

Рак (21.06-21.07)
воден знак, под влијание на Месечина
ден – понеделник
камен – опал
боја – бела
метал – сребро
Четврт зодијачки знак, воден, кардинален, женски, пасивен, негативен. Додека останатите зодијачки знаци својот владетел го делат со уште еден знак, Ракот својот господар-Месечината го задржува само за себе. Ракот претставува женско влијание на Месечината, а бидејќи Месечината ја симболизира жената тој  не може да има машко манифестирање. Сепак во Ракот, Јупитер ги искажува само своите позитивни особини, се наоѓа во егзалтација.
Ракот е симбол на преисконската вода, внатрешноста во човекот, повлекувањето во себе, сензибилитетот и срамежливоста. Се поистоветува со мајчинскиот архетип: она што е големо го штити она што е мало. Неговиот владетел-Месечината е симбол на несвесниот психизам, на животнот нагон со кого сеуште не управува разумот. Ја означува средината на годината, прагот на реинкарнацијата, посредништвото.
Личностите кај кои во наталната карта доминира овој знак (Сонце, Месечина, Асцендент или концентрација на планети во Рак) ќе бидат препознатливи во својата околина по следното: многу се подложни на влијанијата на Месечината, т. е. карактерот им е променлив-како месечевите мени. Лесно го менуваат расположението, меѓутоа често се богати со изненадувачки идеи. Лесно се соживуваат со туѓата интимност, чувствата и расположенијата. Преосетливи се и лесно се возбудуваат, затоа прилично се тешки за својата околина. Имаат многу развиена интуиција која често им помага во нивниот живот навреме да избегнат проблематични ситуации. Сакаат атмосфера на домашна удобност, а сепак се премногу немирни за да можат долго да издржат меѓу четири ѕида. Доживуваат чести промени во животот и постојано бараат нови впечатоци. Неповерливи се и воздржани, меѓутоа ако се приврзат кон некого во тој случај се безусловно верни, што секако, многу лесно може да им предизвика големи непријатности.
Се одликуваат со слаба телесна конституција, меѓутоа ако едно од важните  хороскопски места е во добар аспект со Сонцето или Јупитер, лесно ќе го надмине овој недостаток.
Примитивниот тип на овој знак е сентиментален и емоциите му се менуват од восхитување до безнадежност. Имаат склоност кон морбидност. Развиениот тип на овој знак ги контролира своите чувства кои се многу длабоки и тешко ги покажува. Како и кај другите водени знаци им се заканува морална слабост.
Пасивните и женски влијанија од Ракот се манифестираат во слабата способност за одлучување како и недостаток на иницијатива. Како резултат на својата внимателност и работа во мирна и тивка атмосфера најчесто се успешни деловни луѓе. Имаат склоност кон антиквитети и најчесто се преокупирани со минатото, од иднината воглавно се плашат. Нивните депресии се длабоки колку и нивните стравови.
Никогаш на се долго среќни и кај овие луѓе се наоѓа и извесна доза на злоба. Многу страдаат заради туѓите неволји, така да Ракот често е засолниште за беспомошните и ранетите. Кршливи и ранливи се повлекуваат во себе кога ќе ги повредат и тоа трае со денови.
Ракот го сака својот дом и е доста приврзан кон своите деца и секогаш е мајка (и во случај кога е татко). Многу е прилагодлив и услужлив и исполнет е со загонетни зборови и жалосни мисли.
Месечината како владетел на Ракот го претставува одговорот на поединецот на влијанието на околината, па со тоа е воедно и клуч за разбирање на сексуалниот одговор. Управува со емоциите, ја покажува способноста да ги почувствуваат потребите на другите, исто како и сопствените. Да се биде способен за грижа за некој друг е знак за емотивна зрелост и аспектите спрема Месечината покажуваат како личноста реагира на туѓите потреби и барања - инстиктивно или е попречена од сопствените. Месечината ги претставува и навиките, она што го повторуваме низ нашите животи. Астролошката традиција вели дека во наталната карта на жените Месечината е поважна од Сонцето. Можеби тоа беше точно во минатото кога жените само одговараа на надворешните влијанија, неспособни и спречени и самите да дејствуваат, особено во љубовта. Денес жените веќе немаат пасивна улога и ги достигнуваат своите најдлабоки потенцијали исто како и мажите. Полето во кое се наоѓа Месечината е подрачје на несвесното, така да нејзините активности стануваат вообичаени попримајќи дури и облик на навика. Неповолните аспекти со Месечината укажуваат на несигурност и како одбрамбен механизам се јавува агресивност кон другите, а со тоа и тешкотии во љубовта.


Погледнете ја вашата лична прогноза

No comments:

Post a Comment