Sunday, April 5, 2015

Dalo deteto go nasleduva karakterot na roditelot? - Se za deca

dali-karakterot-e-nasleden
Од облеката, па до чувството за хумор, децата можат да наследат особини што не се генетски. Што вели науката, како функционира тоа?
Дали моето дете може да ја наследи избувливоста од мојот сопруг? Можат ли родителите да пренесат особини што ги нема во ДНК, како што се чувството за хумор или за облекување?
Детските психолози велат, „да“. Тоа се нарекува моделирање, кога детето учи со гледање и имитирање. Како што гените одредуваат каква коса ќе има и каков нос, моделирањето е фактор што одредува какви ќе бидат нашите деца, вели д-р Џорџ Холден од Јужнометодистичкиот универзитет. Тој вели:
Кога го набљудувате однесувањето на вашето дете, прашајте се од каде му е тоа. Во многу случаи тоа му е од еден од родителите.
Една мајка вели дека нејзиниот петгодишен син многу често ја гледал како црта и бои, па од неаго има чувството за уметност. Ќе пријде и ќе и каже колку убаво е нешто од она што го црта или ќе покаже на некои облици на сликата. Неговата учителка вели дека многу е добар во пишувањето и цртањето облици.
Дали ова значи дека можеме нашите деца да ги усмериме да ги наследат нашите интереси?
Да - со извесни ограничувања, вели д-р Маргарет Треш Овен од Центарот за деца и семејство, на Универзитетот на Тексас. Покажувајте ентузијазам или давајте му признание за некоја способност што ви се допаѓа, вели таа. Но, ако детето нема интерес да стане следниот Пикасо, оставете го на мира.
За не толку добрите особини:
Помалото дете „му се истура“ на постариот брат, а мајката мисли дека тоа го „собрало“ од нејзините повремени тврдоглавости. Му вели: „Мама не секогаш најдобро реагира на нешатата.“ Тоа е добар потег. Свесноста за својата реакција и спремноста да се зборува за неа, е најдобриот начин да се прекине кругот. Во смирен момент, кажете му: „Вчера виде дел од мене за кој не ми е мило што го имам.“
Давањето можност на детето да ја види разликата помеѓу соодветното и несоодветното однесување, ќе му помогне да донесува подобри одлуки при искажување на сурови емоции.

No comments:

Post a Comment