Sunday, September 28, 2014

NARODNA MEDICINA - ZELATIN PROTIV BOLKI VO GRBOT I ZGLOBOVITE

Ослободете се од болките во грбот и зглобовите за само 7 дена

- Желатин





Последнава деценија луѓето од Јапонија ги зафати „треска“ по желатинот. Купуваат разно-разни производи направени од желатин, и го консумираат речиси секој ден- се’ со цел- подмладување и ослободување од болките во грбот и зглобовите. Оваа „треска“ се префрли и кај нас:
ШТО Е ЖЕЛАТИН?
Се користи во производството на разни колачи и слатка. Всушност, желатинот е колаген во најчист облик. Колагенот е најзастапен протеин во човековото тело (30-35% од целокупните белковини во организмот) и претставува главна протеинска компонента на кожата, коските и врзивното ткиво. Се појавува во вид на нерастворливи влакна, фибрили, мрежи и лигаменти. Карактеристични аминокиселини за колагенот се: глицин, пролин, хидроксипролин и хидроксилизин.
Недостигот од колаген негативно се одразува на изгледот и функцијата на целото тело и доведува до разни дегенеративни појави, меѓу другото: пореметување на коскено-мускулниот состав (вкочанетост, артритис, мускулни повреди), пореметување во имуниот систем и појава на телесни промени поврзани со староста како што се брчки, целулит, сува кожа и коса без сјај.


Можете да купите во било која продавница 150 грама желатин, со или без вкус на овошје. Оваа количина е доволна за еден месец.
Навечер додајте 5 г желатин (2 рамни мали лажички) во ¼ чаша студена вода од фрижидер. Добро 
промешајте и оставете да преноќи на собна температура. Желатинот ќе се претвори во желе. Наутро изедете го желето или растворете го во чаша сок, јогурт или друг пијалак по ваш избор. Можете да појадувате по 15-20 минути.

No comments:

Post a Comment