Sunday, August 10, 2014

KAKO DA SE NAMALI APETITOT OD NMD

Како да се намали апетитот ?

- нместо цел оброк, каснете само неколку залаци


Во нашата културна средина се јаде двапати, трипати или четирипати дневно. Меѓутоа, за да се забрза метаболизмот, помеѓу главните оброци кои треба количински да се намалат- мора да се внесуваат и помали ужини, за да му се даде до знаење на мозокот дека не треба да складира резерви.
Многу е важно да се прават паузи помеѓу оброците за да може желудникот без проблем да ја свари храната. Ако дојде до абдоминална надуеност или ждригавица, значи дека имаме проблем со секреторниот апарат; некаде сме погрешиле.
Не заборавајте: течности не се внесуваат за време на јадењето и после оброкот! Ако сте многу жедни по оброкот, значи дека сте внеле премногу сол или сеуште не сте се одвикнале од пиење вода за време оброк. Исплакнете ја устата и напијте се 2-3 голтки за да ја изгасите жедта. Многу е важно воздржувањето за правилно да се свари храната.
Помеѓу оброците сепак, може да се активира гладот и вие да посегнете по погрешна храна. Еве неколку совети како да го намалите апетитот:
Чај од билки
Чаша ладен чај без шеќер можете да испиете како аперитив, 30 минути пред јадење. За таа улога најдобар би бил чајот од корен на валеријана: 15 грама валеријана се вари во 1 литар вода. Меѓутоа, било кој чај од билки по ваш избор би бил многу покорисен отколку да испиете некои капсули за таа намена со сомнително потекло.
Неколку залациОвие “залаци по потреба“, имаат задача да ја намалат гладта и воедно да го подготват желудникот за работата што го чека. Овие залаци треба внимателно да бидат одбрани за да и послужат на целта:
-мало парче бело месо (пилешко, телешко, мисиркино...)
-тврдо варено јајце
-грст јаткасто овошје
-неколку голтки јогурт
-сирови моркови
-парченце сирење
Овие неколку залаци џвакајте ги внимателно и бавно за да почне желудникот да произведува желудечни сокови неопходни за самостојно варење.
Мала порција салата
Салатата којашто треба долго да ја џвакате можете и да ја зачините, зашто самите зачини немаат големо значење. Важно е секој залак да биде соџвакан како што треба. Меѓутоа, не ставајте висококалорични преливи врз салатите!
Воедно, изедете мало парче интегрален леб.
Поврзани содржини:
5.Која е најдобрата храна за нас?

No comments:

Post a Comment