Wednesday, April 24, 2013

PREPOZNAJTE JA POTREBATA ZA PROFESIONALNA GRIZA NA VOZRASNITE


Препознајте ја потребата за професионална грижа на возрасните

by DAY CARE (Белешки) on вторник, 29 јануари 2013 во 12:53
Знаци на кои треба да обрнете внимание
За да му помогнете на вашиот близок да ужива во овој период од животот, разгледајте ја моменталната ситуација. Тоа ќе ви помогне да препознаете дали има некои работи кои може да се поправат веднаш.

Обрнете внимание на:

Однесување
Дали забележувате дека вашиот близок престанал да ги посетува пријателите или соседите?
Дали се обидува да разговара долго со вас на телефон – или ги избегнува повиците од семејството и пријателите?
Дали ви се јавува во чудно време, како на пример среде ноќ?
Дали изгледа како да не е "при себе" во последно време?

Функционирање
Дали вашиот близок сѐ почесто има потреба од помош за да стане од кревет или од столчето или да отиде до купатило?
Дали имате чувство дека секој момент може да падне додека се качува по скали?
Дали избегнува да готви бидејќи му е претешко?
Дали има неплатени сметки или други долгови?

Нешта поврзани со стареењето
Дали ви се чини дека слухот или видот му влијае на способноста да функционира?
Дали се сомневате дека некогаш заборава да ги земе препишаните лекарства?
Дали е способен да пазари и купува во супермаркет?

Редовни активности
Дали вашиот близок престанал да го чисти домот?
Дали му е облеката нечиста и изгужвана, косата непотшишана?
Дали се почесто останува во пижами цел ден и не ги прави работите кои претходно ги правел (да се напие кафе, да прочита дневни весници, да гледа вести, итн)?

Ситуации за кои сметате дека се од типот "Несреќа само што не се случила"
Дали заборавањето го отежнува живеењето сам на вашиот близок?
Дали има некоја хронична болест: дијабетис, висок крвен притисок, артритис итн?
Дали изгледа депресивен, избувлив и подготвен за карање?

Безбедност во домот
Дали некоја повреда или операција го направила неспособен да се грижи сам за себе?
Дали ја остава поштата во поштенското сандаче?
Дали престанал да води сметка за ситуации кои можат да предизвикаат пожар?
Дали има голема количина на храна со поминаат рок?
Дали го остава домот отклучен?
  • СоветАнализирајте ги навиките на однесување, а не поединечни инциденти. Водете сметка за вакви инциденти, за да знаете кога преминале во начин на однесување.
Осаменоста кај луѓето што стареат
Неколку начини на кои се манифестира осаменоста со стареењето:
Особено за жените...
  • Се обидуваат да ги потиснат чувствата преку јадење или промена на навиките за спиење
  • Почнуваат да користат премногу алкохол (за да се чувствуваат "социјализирани" кога се сами)
  • Почнуваат да се јавуваат премногу често без посебна причина
  • Стануваат осудувачки настроени или прават драма, или зборуваат предолго за ТВ емисии (сигнал дека не се дружат со луѓе)
Особено за мажите...
  • Се обидуваат да ги надвладеат чувствата преку лошо расположение или иритираност
  • Стануваат лути заради губење на идентитетот кога ќе престанат да одат на работа
  • Сѐ почесто зборуваат како сакаат повторно да ги живеат годините во младоста
  • Бесцелно се возат со автомобил заради досада
Каква помош очекува вашиот близок од вас?
Што очекува вашиот близок од вас во однос на помош околу неговите дневни активности? Дали очекува вие, вашето семејство и пријателите да му помогнат, или повеќе би сакал да ангажира професионална помош?
Кога се потпираат на семејството и пријателите, старите лица најчесто го бараат минимумот од нив само колку да издржат, бидејќи се чувствуваат како да се некому товар или како да се наметнуваат. Многу често им е непријатно во интимни ситуации кога помошта е потребна околу личната хигиена. Со ангажирање на професионална помош вашиот близок можеби ќе се чувствува посилен и послободен да ги каже своите желби на надворешен помошник.

No comments:

Post a Comment