Thursday, February 21, 2013

SDSM+VMRO-DPNE FOTOGRAFII NA SEDISTATA


СДСМ обвинува дека власта се вклучува во предизборната кампања

21.02.2013 | 14:38
Прочитано: 170
Опозициската СДСМ денеска обвини дека власта започнала масовна кампања за промоција на кандидатите за градоначалници, спротивно на сите изборни правила и препораките на ОБСЕ/ОДИХР.
 
- Вчера комплетниот владин тим се стави во служба на предизборната кампања на нејзините кандидати за градоначалници, со што грубо ги прекрши изборните принципи кои се вклучени во правилата на ОБСЕ/ОДИХР и пред законскиот рок ја започна изборната кампања, изјави денеска Јани Макрадули, член на Извршниот одбор на СДСМ.
 
Според Макрадули, појавување на настани заедно со кандидати за градоначалници на членовите на Владата е „уште еден пример зошто власта толку цврсто одбива да ги прифати препораките на ОБСЕ/ОДИХР за изборната регулатива, во кои  таквото однесување е забрането и казниво“.
 
Таквото однесување, посочи Макрадули, е дополнителна причина за бојкотот на СДСМ на институциите и на локалните избори.
 
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Макрадули
СДСМ и Јани Макрадули се плашат од проектите и мерките кои секојдневно ги реализира ВМРО-ДПМНЕ, а кои наидуваат на поддршка од граѓаните, се наведува во реакцијата на владејачката партија на изјавата на Јани Макрадули од СДСМ.  

No comments:

Post a Comment