Thursday, February 14, 2013

Kako nastanal praznikot Sv. Valentin?


Како настанал празникот Св. Валентин?

Автор: Редакција Рингераја | 14.2.2013
image

Иако многумина коментираат дека Св. Валентин или денот на вљубените е измислица на американците за да заработат во деновите меѓу Божиќ и Велигден, овој празник навистина е традиционален, а своите корени ги влече од Римското царство


Во Римското време, на 15.февруари се одбележувала свеченост во чест на Богот Луперкус, заштитникот на стадата и овчарите, но и на плодноста. Покрај народната прослава и веселба, на тој ден традиционално, на парче хартија, се пишувале имиња на девојки кои се ставале во кош, а момчињата влечеле ливчиња. Се верувало дека на момчето ќе му стане сопруга онаа девојка чие име го извлекол.

Денот  на вљубените, кој денес го славиме на 14. февруари, според преданието настанал во 3. век во Римското царство. Царот Клаудије II издал наредба според која на војниците не им било допуштено да се женат, бидејќи сметал дека на тој начин ќе бидат повеќе поврзани со семејството и би имале помалку волја да одат во војна и да се борат.

Сите свештеници ја почитувале неговата одлука, освен еден – Валентин. Тој вршел тајни венчавки на млади парови, додека не го откриле и ставиле во самица, на 14. февруари, во очи на празникот Луперкалии. Валентино е погубен, но непосредно по неговата смрт е прогласен за светец.

Со развојот на христијанството, одлучено е заедно да се прославуваат Луперкалии и Св. Валентин. Луперкалии го изгубиле своето значење со тек на време, а Св. Валентин ја презел доминантноста на овој ден. Сепак, во 1969 година, кога католичкиот календар претрпел ревизија, било одлучено дека запишувањето на празникот Св. Валентин во календарот ќе зависи од националните и локалните католички заедници со објаснување: “Иако споменот на Св. Валентин е древен, за него немаме точни сознанија, освен дека е спален на Via Flaminia на 14. февруари”.

Наводно и самиот обичај на праќање на честитки на Св. Валентин потекнува од самиот свештеник. Меѓутоа и тука наидуваме на две различни толкувања. според првата, Св. Валентин и испратил писмо на девојката во која бил наводно заљубен, од самицата. Писмото го потпишал со “Твој Валентин”.

Според друго толкување, додека Св. Валентин бил во затвор луѓето му оставале сокриени пораки пред затворот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

No comments:

Post a Comment