Monday, July 23, 2012


Најубавиот автомобил!

            Еден ден, Давид со мајка му излегоја да се прошетаат.
            Времето беше сончево и убаво за шетање. Откако се прошета, влегоа во продавницата за играчки. Таму имаше многу  играчки. Сите  беа многу убави. Давид ја замоли мајка му да му купи автомобил. Таа со задоволство прифати да му ја исполни желбата, зошто Давид беше многу умно дете. Но, во продавницата имаше многу автомобили во разни бои: сини, жолти, црвени, виолетови, кафејави...
           














            Имаше и камиони и џипови, како и еден зелен автобус.























            Давид мислеше, мислеше ... кој автомобил да го купи....
           
            Дали да го купам синиот автомобил?
           











            Или црвениот?
           
           

           









            Или пак виолетовиот?
           
















            И најпосле се одлучи. Го одбра црвениот автомобил, Тој за него беше најубав.
Мајка му го плати автомобилот, а Давид  ја бакна и и се заблагодари. Љубезно  се поздравија со продавачката ,ја поздравија и си отидоја.
            Давид  веднаш се качи во автомобилот да го вози. Беше многу радосен.
На патот имаше една дупка, која Давид не ја забележа и  тркалото на автомобилот се заглави во дупката. Давид се обиде да го подигне автомобилот и наеднаш... Бам! Бум! Трес!... Падна едното тркало и се стркала по патот!
            Давид се обиде  сам да го намести тркалото, но...безуспешно. Тој неможеше сам да го постави.Немаше трпение, но имаше среќа.
Тогаш, помина еден полициски автомобил...ти-ну...ни-ну....и полицаецот застана да го праша Давид дали му треба помош.
Да, Ве молам!
           











            Полицаецот го постави  знакот СТОП за да ги предупреди другите возачи да возат внимателно и  повика пајак – возило.











            Пајакот го подигна автомобилот и заедно со Давид го однесоа на поправка.
            “Кога ќе биде готов мојот автомобол?“ - праша Давид.
            Брзо, му одговорија.
 Во автомобилскиот сервис, веднаш го наместија тркалото. Автомобилот пак имаше четири тркала.
            Давид беше пресреќен! Ја подигна раката и рече:
            “Ете, работите секогаш се завршуваат добро, само треба да се има трпение, а друг пат треба повнимателно да водазам“







No comments:

Post a Comment